Осомничениот за инцидентот што се случи викендов во рибниот ресторан во центарот на Охрид, ги демантира наводите на полицијата дека го нарушил јавниот ред и мир.

Според неговото кажување тој бил гостин во ресторанот со своето семејство, бидејќи имал пригоден повод. Тврди дека ја регулирал својата прва сметка од околу 3000 денари, по што нарачал пијалак во вредност од 1000 денари, но платил половина затоа што му бил одобрен попуст од ресторанот. „Во тој момент дојде до смена на персоналот и шефот не сакаше да ме полужи со пијалак, јас не одбив да платам. Персоналот кој ме омаловажи пред семејството влезе внатре и почнаа да ме туркаат, но немаше физичка пресметка, само меѓусебно туркање. Беше повикана полиција, бев приведен без никаков отпор и навреди од моја страна, по што следниот ден бев пуштен“, објаснува приведениот охриѓанец, кого полицијата го сомничи за нарушување  на јавниот ред и мир во рибниот ресторан, и за омаловажување и навредување на униформирани службени лица.

OhridNews