
-Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилотозадолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Обврската, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост, се наведува во предлог Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Ако возачите не ја почитуваат законската обврска да возат со вклучени светла преку ден ќе бидат казнети со 15 евра. Доколку светлата не бидат вклучени ниту навечер ќе бидат казнети со 35 евра или 15 негативни поени.
OhridNews
извор Телма











