Златан Ибрахимовиќ дефинитвно ќе го пропушти дерби мечот против Јувентус, утре на “Сан Сиро“ откако Фудбалскиот сојуз на Италија ја отфрли жалбата на Милан и ја потврди суспензијата  од три меча.

Ибрахимовиќ кој по удирањето на фудбалерот на Наполи Салваторе Ароника, доби суспензија од три меча, одлежа два а по жалбата раководството на Милан се понадева дека казната би можела да биде намалена.

Во “еден-два“ пресметката во Серија А , Милан ќе влезе со еден бод предност пред Јувентус кој има натпревар помалку.

Ohridnews