Остатокот од влезниците за најочекуваниот културно – забавен настан во Охрид, големото шоу „Зимска бајка“ кое поради прераната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски се пролонгира од 22 декември за 18 јануари, ден пред големиот празник Водици, повторно се пуштени во продажба во ограничен број во „Топ маркет“ кај Чинарот. За настанот важат истите нумерирани влезници за претходно објавениот термин, информираат организаторите.

Влезниците за вип секторот се целосно распродадени, како и понудените влезници во секторот партер чија продажба беше запрена од познати причини. Останаа само уште малку влезници, затоа побрзајте и навреме резервирајте си место за најдоброто музичко – забавно шоу во Охрид на 18 јануари, петок, од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ на единственото продажно место во „Топ маркет“ кај Чинарот. И чувајте ги влезниците до крајот на шоуто, бидејќи следат изненадувања.  – порачуваат организаторите.

Во меѓувреме течат подготовките за шоуто кое оваа година квалитативно ја подига летвичката, со одбрана и разновидна програма на која работат дваесеттина уметници, кои ќе имаат голема логистичка поддршка позади сцената која за оваа прилика ќе биде специјално декорирана.

На „Зимска бајка“ ќе настапат Емилија Маринова, Јован Куциноски, Јане Тодороски со инструментална придружба, кои ќе ги изведат најдобрите празнични песни специјално аранжирани за оваа прилика; актерите и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски со најновото шоу на “Two mothers brothers” кое премиерно ќе биде изведено на 18 јануари; како и Ѓоко Танески, новата ѕвезда на македонското музичко небо Антониа Гиговска, Анатолиј Арнаудоски, Владимир Кречоски, Емилија Колоска, Димитри Алчев, Ѓорѓи Калајџиев, Никола Јосифоски, кои ќе ги изведат најдобрите рок класици.

За звукот и визуелните ефекти на културно – забавниот спектакл задолжени се „Labino Sound“, а за декорот „Импакт груп“.

Настанот е помогнат од Хотел Чинго – Охрид, Печатница и картонажа Коста Абраш, Општина Охрид, АСП ПАК, Далвина, Горска, Староградско, Куба Либре, „Терен ауто плус“, Виеми, Ресторан „Св. Софија“, Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, АД „Галеб“ Охрид, Кармен Бауцентар, Хотел „Нова Ривиера“, Кафе бар и лаунџ бар „Кадмо“, Рентакар „Ескејп“, Топ Маркети, Ресторан „Далга“, ЈП „Охридски Комуналец“, Моби Петрол, Летра дизајн и ФТУ Охрид.

OhridNews