Сателитот на американската агенција за вселенски истражувања НАСА од шест тони се распадна при пад ни атмосферата на Земјата рано наутро во саботата, а неговите остатоци најверојатно паднале на канадска територија, соопшти агенцијата.

Според кусите пораки на микроблогот Твитер, повеќе парчиња паднале недалеку од Окотокс, гратче јужно од Калгари во западна Канада. Како што пренесува Reuters, станува збор најверојатно за делови од сателитот UARS – (Upper Atmosphere Research Satellite), кој падна на Земјата по речиси две децении години минати во орбитата.

Научниот сателит UARS (Upper Atmosphere Research Satellite) беше лансиран во септември 1991 година од вселенскиот шатл „Дискавери”. Сателитот со маса од 6,5 тони и со големина на автобус дејствуваше во ниската земјина орбита со височина од околу 600 километри и наваленост од 57 степени. Неговата главна цел беше да се проучат горните слоеви на атмосферата, особено, причините за формирањето на озонските дупки. Вкупните трошоци за мисијата се проценуваат на 750 милиони евра.

UARS, кој првично требаше да функционира три години, работеше во орбитата 14 години. Во 2005 година, НАСА се откажа од натамошна експлоатација на сателитот, бидејќи во тој момент сите негови задачи беа извршени од страна на други апарати, додека трошоците за одржување на мисијата стана мошне значајни, а истовремено .го потроши и горивото Експертите од НАСА предлагаа сателитот да се отстрани од орбитата со едно од шатл леталата, но тоа не беше сторено.

Сателитот полека почна да ја губи височината привлечен со гравитационата сила на Земјата. Сателитот беше доведен на пониска надморска височина и ставен во „спиечки“ режим. Потоа, леталото се судри со непознат објект. Експертите сметаат дека најверојатно оштетувањето на UARS било предизвикано при судир со фрагмент од советски сателит „Космос-1275“.

Научниците не можеа да го одредат точното време и локацијата на падот, поради непредвидливата траекторија на сателитот при влезот во горните слоеви од атмосферата.

Со должина од 10,6 и широчина од 4,5 метри, UARS е еден од најголемите вештачки вселенски објекти кои паднале на Земјата, иако е многу помал од 75-тонскиот Скајлаб (Skylab) на НАСА кој се урна во западна Австралија во 1979 година.

Научниците велат дека предмет со големина од деловите на UARS, паѓаат на Земјата просечно еднаш годишно.

Поголемиот дел од сателитот согоре при проаѓањето низ атмосферата,м но се претпоставува дека околу 26 парчиња со вкупна тежина од 500 килограми, од кои најтешкото меѓу 135 и 150 килограми, можат да ги „преживеат“ високите температури и дека ќе паднат на површината на Земјата. Се претпоставуваше дека најтешкиот фрагмеnt претставува дел од костурот на апаратот кој има тежина од околу 150 килограми. Овие парчиња се составени од челик, титаниум и берилиум, и нема да се разложат на помали, предупреди НАСА најавувајќи го пред десетина дена падот на UARS на Земјата.

Според НАС А, сателитот влегол во нискиот слој од атмосферата во саботата наутро меѓу 5.45 и 6.45 минути по македонско време. Заедничката стратешка команда на армијата на САД (US Strategic Command) потврди дека местото на паѓањето е во Канада, но објави де се утврдува точното место на падот.

Најголемото вселенско летало коешто паднало на Земјата досега е советската вселенска станица Саљут 7, чии поситни делови во 1991 година паднаа врз едно аргентинско гратче, но без човечки жртви.

Последната руска вселенска станица Мир кој тежеше 135 тони, се урна во Тихиот Океан во 2011 година, но тогаш станува збор за контролирано уривање. НАСА, исто така, планира контролирани враќања на поголемите вселенски објекти, но во  врска  UARS тоа не беше случај.

Инаку овој сателит е само еден од околу 20-те илјади парчиња вселенски отпад кој кружи во орбитата околу Земјата.

OhridNews
извор:„Макфакс“