СВР- Охрид одржа состанок на кој се разгледуваше проблемот со несовесните моторџии кои создаваат голема бучава, особено во раните утрински часови и ги вознемируваат жителите на Охрид.

Како што информира потпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски, на одржаниот состанок било одлучено- почнувајќи од викендов,  сообраќајната полиција да врши засилени контроли на Булеварот Туристичка и улицата Јане Сандански и да ги казнува сите лица кои ќе извршат нарушување на јавниот ред и мир.
Т. К.