Македонија има добри закони за заштита на животната средина, казните се високи, но сепак секојдневно никнуваат нови депонии. Се атакува на животната средина, што налага и поголема едукација на населението, но и почест инспекциски надзор и казнување на несовесните. Ова меѓу другото беше истакнато на Меѓунардниот семинар за инспекциски надзор за заштита на природата, што се одржува во Охрид.

Собирот е во рамките на регионалната мрежа за животна средина за усвојување на европските стандарди РЕНА.

Целта на семинарот не е само да се разменат искуствата за прекугранична соработка меѓу инспекциските служби од балканските земји, туку и да се искористи праксата во повеќето европски земји.

Беше истакнато дека Македонија има добри закони за заштита на природата, а казните за загадувачите се движат од 3-10 години затвор, односно од 1.500 до 20.000 евра. Меѓутоа, според Државниот инспектор за животна средина Игор Трајковски, оваа година на територијата на општина Охрид поднесена е само една кривична пријава за загадување на Охридското Езеро.

Охрид е еден од почиостите градово во Македонија, но за жал во неговата околина постојано никнуваат диви депонии, дури и на излетничките места и покрај плажите, што налага потреба од поостра контрола и казнување на сите оние кои ја загадуваат животната средина.

OhridNews