Островските држави Самоа и Тонга први ја дочекаа Новата 2026 година. Во двете држави новата година настапи во 12:00 часот по македонско време, согласно нивната временска зона UTC+13, како дел од првиот бран на новогодишни прослави во регионот на Пацификот.
Сиднеј и Австралија ја дочекаа 2026 година со традиционален огномет, одржан со засилено присуство на полицијата, неколку недели откако вооружени лица убија 15 лица за време на еврејски настан на плажата Бондај.
Американска Самоа, која се наоѓа во друга временска зона, ќе биде последната територија во светот што ќе влезе во 2026 година.
OhridNews












