Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше 60 минутен телефонски разговор со Претседателот на Владата на Република Грција, Алексис Ципрас. Разговорот се реализирал помеѓу 14 и 15 часот, по македонско време, информираат од владата.
За време на разговорот се дискутирало за преостанатите прашања, при што биле разгледани неколку идеи за решенија.
Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор.
Ohridnews