Во текот на вчерашниот ден во просториите на НУ Завод и Музеј – Охрид се одржа средба помеѓу директорката на НУ Завод и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска и претседателот на Социјалното друштво од Мелбурн – Австралија, Св. Наум Охридски, Васко Ангеловски кој истовремено е и уредник и водител на македонската програма „Трипати Зет“ во Мелбурн, Австралија.
На средбата се разговарало за воспоставување на соработката од областа на културата помеѓу двете институции. При тоа станало збор за реализација на одредени проекти кои би придонеле за развој на културата во Охрид и евентуална презентација на богатото културно наследство кое го поседува градот Охрид во Мелбурн – Австралија и пошироко помеѓу нашите иселеници на тие простори.
На средбата претседателот на Социјалното друштво од Мелбурн Австралија на директорката Тања Паскали Бунташеска и подари кристална статуетка со ликот на Св. Наум Охридски, изработена по повод 30 годишниот јубилеј на ова реномирано друштво кое е високо рангирано на просторите од државата Австралија.
OhridNews