
„Велиновска преку непримерен речник за комуникација со јавноста го девалвира угледот и достоинството на професијата, а преку бесмислена дискредитација на новинари атакува врз еснафската солидарност и медиумскиот плурализам. Предупредуваме дека доколку надлежните институции го толерираат говорот на омраза, тие стануваат соучесници во евентуално насилство против новинари. Бараме Јавното обвинителство веднаш да покрене постапка против Велиновска, а полицијата да преземе превентивни мерки со цел да се заштитат новинарите од можни напади. Исто така, бараме Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги јавно да го осуди весникот Дневник поради објавување коментари во кои се повикува на насилство.“ – стои во реакцијата.
ЗНМ ги повикува новинарите да не дозволат да бидат злоупотребени од политиката и да не ги користат медиумите за јавна пресметка со колегите и неистомислениците.
OhridNews











