Мајката на деветгодишната Тамара Димовска, која почина чекајќи дозвола од државата за операција во странство, го осуди обидот за убиство врз екс министерот Никола Тодоров од страна на нејзиниот татко Љупчо Стојановски (60).

– Шокирана сум. Ова е голем шок за нас, ја изгубивме Тамара, револтот е голем кон државата но ова не е начин. Го осудувам насилството. – изјави мајката на Тамара.

Инцидентот го осудиди и премиетот Зоран Заев. Тој рече дека ваква работа не смее ниту да се помисли, а камоли да се направи. -Најостро го осудувам овој чин. – рече Заев.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ осудувајќи го обидот за атентат над Тодоров, ги обвини СДСМ, невладините организации и медиумите дека создавале во континуитет лоша слика за поранешниот министер за здравство и го поттикнале немилиот настан.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го осуди инцидентот и упати апаел до граѓаните да не ја земаат правдата во своите раце.

OhridNews