Осум екипи од англиската Премиер лига, остро се спротиставиле и го кренале гласот против Манчестер Сити и опцијата клубот да има полно право за настап во Лигата на Шампиони.додека се жали во Судот за спортска арбитража (КАС) за изречената казна од УЕФА.

Манчестер Сити се соочи со двегодишно исклучување од сите натпреварување под капата на УЕФА поради прекршување на финансискиот фер плеј. „Граѓаните“ низа не регуларности имале од 2012 до 2016 година.

Помеѓу осумте клуба кои се спротиставиле биле Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал, открива „Дејли Меил“.

OhridNews