Денеска се навршуваат осум години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица, Република Бугарија.

По тој повод во 12 часот, делегација на општина Охрид ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од бродската несреќа, на градскиот кеј во непосредна близина на хотел „Милениум“.