Осум и пол години затвор доби фризерката Благица Дончевска, која оштетила 40-тина граѓани меѓу кои од Охрид и Струга, во станбената измама со фиктивните станови.
Според пресудата која ја донесе скопскиот Кривичен суд, Дончевска ги оштетила граѓаните за околу 800 000 евра, претставувајќи се како вработена во Владата на проект поддржан од Холандија и Белгија за евтини станови наменети за семејства кои имаат член со хендикеп.
Нејзиниот татко, кој одговараше за помагање, доби затворска казна од четири и пол години. Тој беше обвинет дека парите кои ги наплаќала неговата ќерка за продажбата на фиктивните станови, биле уплаќани на негова сметка.
OhridNews