Како што е познато, општина Охрид во чест на празникот „Св.Климент Охридски“- Патронот на градот и годинава доделува една награда и три повелби. Наградата се доделува за животно дело (остварувања за подолг изминат период што претставува творечка или континуирана работна целина).
Повелбата се доделува за врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општина Охрид, што претставуваат посебен придонес за нејзиниот развој и севкупен напредок и афирмација во земјата и светот.
Право на учество на конкурсот имаа физички и правни лица од Охрид, Република Македонија и од други држави, како и меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници.