Во тешка сообраќајна несреќа, која утринава се случила на патот Куманово-Крива Паланка, оштетени се осум возила.
Сообраќајната несреќа се случила околу 7 часот и 30 минути, а во неа учествувале два автобуси, комбе, три автомобили, еден камион и еден минибус.
Жртви во сообраќајната несреќа нема, но причинета е голема материјална штета. Од страна на полицијата се утврдуваат причините за несреќата .
Во времето кога се случила несреќата, на овој патен правец имало густа магла.