Дете од Британија успешно го положило приемниот испит за запишување во средно училиште. Аран Мохан (8) откако го положил испитот рекол дека би сакал да биде научник како Алберт Ајнштајн кога ќе порасне.


-Не бев нервозен поради тестот. Одлучив дека само ќе седнам и ќе го решам тестот. Немав што да изгубам – раскажува Аран. Тој  е исклучително паметен има и бројни хоби. Свири клавир, гитара и тапани, игра фудбал, тенис и секоја недела оди на лизгање. Навистина сестрано момче!