Саудискиот суд ќе го испита барањето за развод на 8-годишно девојче, кое таткото без нејзино знање го омажил за 50-годишен човек.

Барањето за развод го поднела мајката на девојчето во судот во Уназуаху, 200 километри северно од Ријад, каде брачниот договор го заклучил таткото не известувајќи ја ќерката, рекол адвокатот на одбраната.


Девојчето кое се подготвува за четврто одделение во основно училиште, не знае сеуште дека е омажена, додава адвокатот.

Блиски роднини на девојчето се обратиле до саудиската организација за човечки права, барајќи нејзина интервенција за поништување на бракот.

Сопругот одбил да се откаже од бракот со девојчето, тврдејќи дека не прави ништо незаконско.