
„По тројца кандидати се пријавија за директор на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Проаква“, додека интерес за извршување на раководната функција во ЈП „Билјанини извори“ пројавиле двајца кандидати“, иајави за Ohridnews, портпаролот на општина Охрид, Никола Манески.
Во интерес на запазување на процедурата, Манески не ги соопшти имињата на потенцијалните директори на јавните претпријатија. „Пристигнатите кандидатури согласно законот ќе ги разгледа градоначалникот на Охрид, кој во рок од десет дена од завршувањето на конкурсот на прес конференција ќе ги објави резултатите“, додаде Манески.

„Кој ќе има најдобра програма ќе ја добие мојата доверба. Ако не сум задоволен од квалитетот на кандидатите кои ќе се јават на конкурсот, истиот ќе го поништиме и ќе распишиме нов конкурс“, рече Петрески.
Градоначалникот посочи дека изборот на раководители на јавните претпријатија е исклучиво негова надлежност и дека за тоа не е разговарано со другите политички субјекти. „Тоа нема никаква врска со партиите и советот и врз мене не се врши никаков политички притисок“, изјави Петрески.












