Во пожар кој во саботата навечер зафатил еден кат од зграда во центарот на португалскиот град Тондела, околу 250 километри северно од Лисабон, загинаа осум лица, а педесетина беа повредени, објавија локалните власти.

„Во зградата се одржувал турнир во популарната португалска игра со карти ‘суеци’ на кој учествувале седумдесетина лица. Пожарот избил во просторија во повисоките катови на зградата, а причината била експлозија на печка на дрва“, изјавил началникот за цивилна заштита Пауло Сантос.
Иако пожарникарите пристигнале многу брзо, а пожарот бил изгаснат за еден час, при неговото избувнување во повеќекатницата настанала паника, која според очевидци траела од пет до шест минути.

Градоначалникот на Тондела, Хосе Антонио Хесус, ја нарече несреќата катастрофална.

Во гасењето на огнот и спасувањето учествувале повеќе од 170 пожарникари и три хеликоптери со кои повредените биле транспортирани во блиската болница.