Осуммина охриѓани се најдоа на Листата на 100-те најдобри рангирани доктори во јавните здравствените установи за месец април, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на ЈЗУ.

Меѓу нив се докторите Горан Балевски, Ѓоко Константиновскии, Валентина Милошевска и Ѓоко Танески од ЈЗУ Општа Болница Охрид, Велика Блажевска и Лихнида Марковска Ническа од Специјалнта болница за Ортопедија и траумтологија „Св. Еразмо“, како и Зоран Доневски и Слаѓана Тупаре од ЈЗУ Савод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања.

Како што соопштуваат од министерството за здравство, сите наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-те најдобри доктори“, а покрај посебното признание ќе добијат и двојна плата за месецот за кој постигнале најдобар резултат.

Инаку, изборот е направен според воспоставени критериуми, како остварениот учинок, извршени интервенции, тип на извршени интервенции и реализирани обуки.

OhridNews