
Според информациите, до 12 часот на полноќ кога истекуваше законскиот рок предвиден за предлагање кандидат за градоначалник, не е поднесена ниту една кандидатура од страна на партиите од опозицискиот блок.
Ова вечерва го потврдија и првите на луѓе на општините Охрид и Куманово, Александар Петрески и Зоран Дамјановски, кои истакнаа дека нема учестуваат на изборите. Единствено само Стевчо Јакимовски, е единствениот градоначалник на СДСМ кој и покрај одлуката на Црвенковски за бојкот влегува во изборната трка.
Инаку, пратениците на опозицијата ги депонираа своите оставки за 24-ти март, денот на локалните избори.
OhridNews












