Освен во охридскиот регион, вечерва силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи имаше и во скопскиот и тетовскиот регион. Претседателот и Врховен врховен командант, Ѓорге Иванов ја задолжи Армијата на РМ да ги стави сите расположливи капацитети на располагање со цел да се помогне во санирањето на штетите предизвикани од невремето, а со поддршка во справувањето со поплавите се вклучи и Владата, од каде најавија дека министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ќе го посети кризниот штаб.

 

Одговорни лица од АРМ во координација со формираните кризни штабови веќе упатиле дел од своите единици на местата кои се сметаат за најкритични во моментот и истите се вклучени активно во помош на загрозените граѓани Град Скопје формираше Кризен штаб по силното невреме кое попладнево го зафати Скопје. Состојбите се следат и се дејствува на терен. Онаму каде што е најкритично и најпотребно екипите се веќе на терен и дејствуваат. Состојбата се следи во цела Македонија, се дејствува во скопско и тетовско, кои беа најпогодени со поројните врнежи и невиобичаено честите бројни и силни електрични празнења во атмосферата.

OhridNews
Фото: ИНФО