Со свечена церемонија, овој месец во селото Требеништа беше поставен и осветен камен-темелникот на црквата „Св. Петка“.
На чинот на осветувањето на кој чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, присуствуваа голем број верници, за кои беше подготвен ручек.
Идејата за изградба на оваа црква датира од 1986 година, а нејзин иницијатор е Слободан Дуклески.
Како организатор се јавува Црковниот одбор на селото „Требеништа“, а идејното архитектонско решение е на Анита Пејчиноска. Сите хумани верници кои сакаат да ја помогнат изградбата на црквата можат да донираат средства на ж-ка 240 127 019 353 128 Уни Банка со назнака за изградба на црквата „Св. Петка“.
OhridNews