Продолжува „освежувањето“ на хоризонталната сообраќајна сигнализација низ охридските улици.


Викендов активностите се одвиваа на улицата „Димитар Влахов“ и кај кртосницата кај Охридска банка, а денес тие продолжуваат и на останатите улици.


Како што информираат од локалната самоуправа, доколку продолжи топлото и суво време, се очекува активностите околу обновувањето на хоризонталната сигнализација, која редовно се врши пред почетокот на секоја летна сезона, да завршат до крајот на оваа недела.

OhridNews