
Советниците и на оваа седница отворија повеќе прашања, но најмногу тие се однесуваа на новите вработувања во администрацијата и нејзините капацитети да одговори на потребите за успешно спроведување на фискалната децентрализација.
Колку општинската администрација е подготвена да одговори на обрските кои се однесуваат на фискалната 2008 година, запраша советникот Иван Огненов. Одговарајќи на ова и другите слични прашања кои се однесуваа на вработувањата во администрацијата, Петрески рече дека до крајот на јануари ќе биде изготвена новата систематизација која ќе им биде ставена на увид на советниците.
На седницата се отворија и прашања кои се однесуваа на затоплувањето на градинките, изградба на фекална канализација кај болнички комплекс, заклучокот за изработка на детално урбанистичко решение за опфатот од Рача до Св Стефан и други.
Исто така беше отворено и прашањето за новиот деловник за работа кој сеуште не е изготвен. Според најавите на претседателот на Советот, Владо Чингоски, деловникот кој треба да се усогласи со новиот статут, ќе биде изготвен најдоцна до крајот на идниот месец.
ohridnews











