Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), на предлог на Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, одлучи за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија да биде избран Неговото Високопреподобие игуменот на Бигорскиот манастир архимандритот г. Партениј, со титула Епископ Антаниски.

Наречението на новоизбраниот Епископ Антаниски ќе се изврши на 11 јули во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, а хиротонијата ќе се изврши на 12 јули 2020 година, на Петровден во храмот „Св. Софија“ во Охрид.

Митрополитот Тимотеј (лево) и новиот викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија Партениј (десно)

Синодот, исто така, го разгледа молбеното барање на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф кој, од здравствени причини, побара да биде ослободен од активна епархиска должност и го усвои неговото барање.

За нов архиереј, на предлог на досегашниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, со титула Сарандопорски, е избран игуменот на Осоговскиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“ архимандритот г. Григориј, информира МПЦ.

OhridNews