Дали постот е само промена во исхраната или длабока духовна трансформација? Додека многумина се фокусираат на тоа што имаат во чинијата, црквата потсетува дека вистинскиот пост започнува во срцето. Во новото издание на ‘Напладне’ со отец Љупчо Бакрачески откриваме зошто е залудно гладувањето на телото ако душата остане ‘нахранета’ со гнев и лоши мисли. Која е вистинската мера помеѓу телесното и духовното во пресрет на Велигден?
Емисијата премиерно ќе се емитува денеска во 12 часот на платформите на Охридњуз.
Oтец Љупчо Бакрачески во „Напладне“: Постот не е само воздржување од храна, туку духовно преиспитување какви луѓе сме и што правиме
OhridNews












