По обилните врнежи, снежната покривка во општина Струга е висока, коловозите се под снег што го отежнува одвивањето на сообраќајот.

Надлежните велат дека улиците во градот се чистат со механизација и дека екипи од јавното комунално претпријатие рачно ја чистат чаршијата и тротоарите во центарот.

Сепак граѓаните реагираат дека и овој пат снегот ги изненади надлежните и дека улите и тротоарите во градот не се соодбетно исчистени, што го отежнува секојдневното живеење.

Се прават напори да се пробијат сите патишта кон селата во струшко, a pоради обилните врнежи од снег во прекин е наставата во селата Франгово и Радолишта.

Наредните два дена во Струга се очекуваат врнежи од дожд, а од четврток повторно снег. Максималната температура ќе биде од 0 до 6, а минималната од -8 до 4.

OhridNews