На граничниот премин „Богородица“, на влез во Р Македонија, вчера, петмина државјани на Р. Македонија пријавиле дека за време на престојот во Грција во текот на празниците од нивните патнички возила биле украдени предните и задни  регистарски таблици, а едно од  возилата било и оштетено, при што му  биле изгребани две врати.

Случаите се пријавени и во грчката полиција, за што на македонските државјани им се издадени соодветни документи, информираат од МВР.

OhridNews