К. С. е еден од вкупно единаесетте вработени во Министерството за внатрешни работи за кои во текот на изминатата недела се донесени решенија поради сторени повреди во работењето, а по претходно спроведена дисциплинска постапка.
На седум вработени изречена им е мерка парична казна, на двајца вработени им е изречена мерка отказ, додека на по еден вработен изречена им е мерка писмено предупредување и распоредување две места пониско, поради пречекорување на службените овластувања.