Познатиот судија, Дани Макели и еден од неговите помошници, Марио Дикс, минатиот месец, не го видоа голот на Кристијано Роналд, постигнат против Србија во Белград. Моментот од 93.минута, кога не видоа дека топката, која во поле ја исфрли Стефан Митровиќ, претходно ја мина гол линијата.

Грешките на големата сцена скапо се плаќаат, особено оние кои се направени на шетата на Кристијано Роналдо. Веднаш по мечот, Макели им се извинил на Португалците, а потоа и реши да ја раскине соработката со својот втор помошник Дикс.

 

Со години работам со Марио и ќе разберете дека ова беше тешка одлука. Повеќе од ова не би можел да коментирам, – рекол Макели.

Ова за мене е големо, големо разочарување. Ова се лучува пред Европското првенство. Макели ми кажа дека сака да продолжи да работи со друг помошник, бидејќи повеќе немал доверба во нашата соработка. Се надевав дека ќе добијам поголема поддршка, дека ќе има разбирање по сите овие успешни години, – им изјавил на новинарите разочараниот Дикс.

Макели и Дикс го судеа финалето во Лига Европа минатата година, а во јануари ја делеа правдата и во полу-финалето на Светското клупско првенство.

OhridNews