Фудбалерите на Арсенал добија нов предводник, откако клубот му врачи отказ на Унаи Емери и го назначи Фредерик Љунберг за нов тренер.

За отказот на Емери се пишуваше последниов период, а официјализиран беше после вчерашниот пораз на Арсенал на домашен терен во Лигата на Европа.

Емери во Арсенал пристигна на почетокот од минатата сезона и во првата година успеа да стигне до финалето во Лигата на Европа каде изгуби од Челси. Во оваа сезона не им тргна на „топчиите“, па разделбата беше извесна.

OhridNews