На двајца вработени во Министерството за внатрешни работи изречен им е отказ, заради сторени повреди согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1 и 7 од Колективниот договор, соопшти МВР.

А.И., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид заработил отказ поради неоправдано отсуство од работа три последователни дена, додека С.Б., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје е отпуштен од работа поради тоа што извршил извршил кривично дело „измама“, а против него е поднесена и кривична пријава.
 
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се единаесет решенија против единаесет вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно Колективниот договор, информираат од МВР.

извор МВР

Ohridnews