По Атлетскиот митинг откажан е и охридскиот атлетскиот маратон кој традицонално се одржува на 8 септември денот на независноста на Македонија. Финасиските проблеми се единствената причина поради која годинава нема да се запази традициијата и охриѓани нема да го видат 26 издание на маратонот кој во должина од 30 км се трча од караулата СВ Наум до градското пристаниште во Охрид.
– Немањето на средства не притисна оваа година да го откажеме маратонот. Не сакавме да иморвизираме и да на навлегуваме во некакви авантури, проблемите се таложат неколку години, лани не беше ништо подобра ситуацијата ама поради тоа што беше јубилејен 25 – ти маратон не сакавме да го откажеме. Годинава немаме ниту сили, а ниту средства да го организираме маратонот – велат од Организациониот Одбор.
Охридскиот атлетски маратон се прв пат се одржа во 1976 година и тоа на 13 ноември денот на ослободувањето на Охрид. Таа традиција траеше се до 1993 година кога се прекина со одржување на манифестацијата. Истата беше возобновена во 2004 година, а наместо на 13 Ноември, се организираше на 8 септември. Од 2004 година наваму маратонот од година во година земаше поголем замав а во последните две години на него учествуваа преку сто атлетичари од европа.
– Тамам постигнавем некое ниво на интересна манифестација за добар дел од Европа, ние мора да ја згаснеме. Имамве пријави дури од Мароко, Чешка, Молдавија и Полска ама што да се прави, кога не сме (се)моќни – велат организаторите.
Охридскиот атлетски маратон е сврстен меѓу настаните во светскиот календар. Целата финасиска конструкција на оваа манифестација е сведена на 10 илјади евра, од кој досега дел ги обезбедуваше Агенцијата за Млади и Спорт, Атлетска федерација на Македонија, охридската локална самоуправа, а дел успеваше да се закрпи со спонзорства кои ги обезбедуваше организациониот одбор. Вака оставени сами на себе охриѓани велат дека едноставно мора да го откажат.
Петрески и Грозданов на јубилејниот 25 – ти маратон
Атлетскиот маратон не е единствената атлетска манифестација која се откажа годинава во Охрид. И покрај што лани имаше успешен старт, а лично промотор на атлетскио митинг беше Сергеј Бубка оваа година митингот остана заборавен од страна на инстутициите , по што истиот беше откажан. Поставувањето на тартан патека наместо да биде дополнителен импакт за охридската атлетика, “кралицата“ влезе во таков тунел што не му се гледа крајот.
Давид Матески се врати во редовите на ГФК Охрид на кој денеска му се придружи младиот Давор Росиќ 19-годишниот младински репрезентативец Матески доаѓа од екипата на Силекс како позајмен играч Тој и...
Почна онлајн продажбата на билети за натпреварот на Градскиот ракометен клуб Охрид од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка Првиот натпревар се игра во салата „Билјанини Извори...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.