Градоначалникот на Рио де Жанеиро објави дека оваа година неговиот град нема да го организира светски познатиот Карневал, поради пандемијата на Ковид-19.
„Никогаш не сум ја криел својата страст кон карневалот и го знам економското значење на овој културен настан за нашиот град. Сепак, се чини, неразумно е да се замисли во ова време, дека можеме да го организираме Карневалот во јули”, напиша Едуардо Паис на Твитер.

И покрај почетокот на имунизацијатта во Бразил во неделата, градоначалникот смета дека сѐ уште би било невозможно да се организира најголемиот фестивал во светот, кој привлекува милиони луѓе на улиците на Рио секоја година.
По САД, Бразил е на второто место во светот по смртност од коронавирусот, со вкупно над 213.000 смртни случаи.
OhridNews












