Откажан мечот Блекпул – Манчестер Ј, Челси бара рехабилитација
03.12.10 18:51
Мечот од 16-то коло во англиската Премиер лига помеѓу екипите на Блекпул и Манчестер Јунајтед кој требаше да се одигра во сабота е одложен поради лошите временски услови. Главниот судија на мечот Питер Валтон, по разгледот на теренот одлучил мечот да не се игра. Теренот на стадионот на новиот Премиерлигаш е заледен бидејќи нема поставено греење, па така е проценето дека за фудбалерите на двата тима би било од голем ризик да се игра на таа подлога.
Челси фуриозно тргна во одбрана на титулата во Премиер Лигата совладувајќи ги противницте без вистински потешкотии. Но во последните три кола “сините“ зарибаа откако претрпаа два порази и еднаш ремизираа а лидерската позиција му ја препуштија на ривалот Манчестер Јунајтед. Челси шансата за рехабилитација во 16-то коло ќе ја има на свое тло против незгодниот Евертон.
Двојки : 16:00ч Арсенал – Фулам, Бирмингем – Тотенхем, Блекбурн – Вулверхемтон, Челси – Евертон, Мен Сити – Болтон, Виган – Стоук, Блекпул – Мен Ју (одложено)
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...