Ракометните натпревари кои требаше да се одиграат викендов се откажани поради лошите авијациски услови од облакот од пепел кој од Исланд се прошири во остатокот од Европа.

Па така натпреварот кој ракометниот клуб Металург требаше да го одигра утре против Букстехудер Спортверин како дел реваншот во Челенџ купот во Германија е одложен на неограничено време, стоеше на официјалниот сајт на Европската ракометна федерација.

Термините за одржување дополнително ќе бидат објавени.

Ohridnews
Извор “Макфакс“