Десетина бетонски столпчиња кои служат како граничници помеѓу тротоарот и паркингот на улицата ,,Кузман Јосифовски-Питу”, во непосредна близина на Општина Охрид, долго време стојат откорнати. Освен тоа што го нагрдуваат просторот околу тротоарот и го попречуваат движењето на минувачите, голем дел од нив се фрлени на тревникот од Универзитетот за информатички технологии ,,Свети Апостол Павле”.



Столпчињата кои најверојатно се турнати од несовесни возачи или минувачи, надлежните  треба што поскоро да ги заменат со нови, затоа што оставаат лош впечаток кај туристите кои своите возила често ги паркираат на овој паркинг.

OhridNews