Oткриена спомен плоча на 6-та пешадиска бригада на АРМ во поранешната касарна во Охрид
07.09.23 12:35
На пригодна свеченост, вчера во поранешната касарна во Охрид, беше откриена спомен плоча на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија.
Во присуство на генералот во пензија и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија Илија Николовски, воедно и претседател на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, на генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски, претставници на СВР Охрид како и на повеќе актуелни и поранешни припадници на единицата, за развојниот пат на 6 пешадиска бригада, зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски.
Тој, во името на ветераните, за посебен придонес во формирањето на 6 пешадиска бригада, постхумно му додели благодарница на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба, а делегација на ветераните, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.
Благодарница за посебен придонес во формирањето на 6 пешадиска бригада, му беше доделена и на тогашниот заменик на командантот, полковник во пензија, Павле Момироски како и на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за искажаната помош и поддршка за отворањето на спомен собата на 6-та Македонска народно ослободителна бригада, лоцирана во охридската касарна.
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Со еден златен и два бронзени медали се закитија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид на 14 Меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта – ГАТУС 2026, кој од 26 до 2...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со улиците „Абас Емин”...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.