Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално пренесување на 2 кг високо квалитетен хероин, пронајдени кај патничка , албански државјанин, во автобус на транспортна фирма од Истанбул.
Првобитно, осомничената била контактирана од непознато лице од Тирана кој што при неговата посета во Корча и понудил истата да работи како транспортер на дрога на релација Турција –Албанија.Осомничената се согласила да ја врши понудената работа за надокнада од 300 евра за секој остварен транспорт на дрога. На 28.12.2013 год. осомничената со автобус од Корча преку Грција го продолжила патувањето до Истанбул. Следниот ден осомничената пробно без да носи дрога во нејзе, со автобус тргнала за Струга и тоа преку Грција. Бидејќи патот го поминала без да биде прегледувана на граничните премини од Турција до Албанија, тоа ја охрабрило и веднаш по пристигнувањето, поточно на 4- ти јануари повторно со истата линија од Корча се упатила преку Грција за Република Турција. Во Истанбул била пречекана од непознато лице , кое ја одвело во куќа во периферијата на Истанбул, каде хероинот распределен во седум пакетчиња со салотејп трака и ги залепиле околу нејзиното тело под долната облека. Вечерта осомничената на автобуската станица во Истанбул се качила во автобус за Струга. Дрогата требала да ја предаде при влез во Албанија на лице од Тирана.
Станува збор за висококвалитетен хероин кој на нарко пазарот би достигнал вредност од околу 50.000 евра.
Сторителот и хероинот се предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистажни дејстивја.
OhridNews