При личен претрес на македонски државјанин,патник во автобус со  македонски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Струга-Виена, откриени биле 5400 евра, информираат од Царинската управа. Непријавените девизи биле пронајдени во внатрешниот џеб од јакната на лицето, односно во коверт во кој имало 7.400 евра, од кои 2.000 евра му се вратени на лицето, согласно Законот за девизно работење.

Освен девизи, царинските работници, неделава, при контрола на автобус со турски регистарски таблици, кој сообраќал на релација Струга-Истанбул, биле пронајдени и 96 литри домашна ракија.

Сопственици на домашната ракија биле две македонски државјанки-патници во автобусот, а непријавената стока спакувана во 51 пластично шише, пронајдена  била во багажниот простор на автобусот, сокриена во картонски кутии и патнички торби.

OhridNews