После десет месеци, шпанската полиција го расветли случајот и ги откри сите детали за страотната собраќајна несреќа во која животот го загубија фудбалерот Хозе Антонио Рејс и неговиот роднина Џонатан Рејес додека третиот патник во автомобилот Хуан Мануел Калдерон се извлече и покрај сериозните повреди.

Во полицискиот извештај стои дека при брзина од 187 километри на час на втомобилот (Мерцедес Ц550) му пукнала задната гума од левата страна. Поради пукнатата гумат и големата брзина, автомобилот излетал од патот се превртел и запалил.

Во извештајот се споменува дека во автомобилот е пронајдена сервисната книшка во која било запишано дека тркалото и гумата се сервисирани.

Сообраќајката се случи на 1 јуни минатата година. Рејес и неговиот близок роднина починаа на лице место поради сериозноста на повредите, а Калдерон преживеа.

OhridNews