Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави конечниот список на играчи кои ќе патуваат на ЕП што месецов Данска, Шведска и Норвешка. Од 21 ракометар списокот на репрезентативци е скратен на 19, а отпаднаа десниот бек на ГРК Охрид  Томислав Јагуриновски и средниот бек на РК Алкалоид, охриѓанецот Мартин Иваноски.

Финален состав на репрезентацијата на Македонија за ЕП:

Голмани: Никола Митревски, Иван Галевски, Мартин Томовски. Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов. Десни крила:  Никола Костески, Ненад Костески. Пивоти: Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Самоил Ристевски, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ. Леви бекови: Павле Атанасијевиќ, Филип Кузмановски, Дамјан Митев. Средни бекови: Марко Митев, Игор Ѓорѓиев. Десни бекови: Мартин Серафимов, Мартин Велковски.

Репрезентацијата подготовките ги продолжува во Швајцарија каде ќе одигра контролни натпревари со домаќинот, Бахреин и Украина. Потоа репрезентацијата се сели во Данска каде на 13 јануари ќе одигра уште еден подготвителен натпревар со данскиот прволигаш Митјеланд.

Македонија на ЕП игра во силна група заедно со кодомаќинот Данска, Португалија и Романија.

Првиот натпревар на ЕП Македонија ќе го одигра на 16 јануари против Данска во 20:30 часот.

Г.М.
Фото: ФФМ