-На ваков начин да се усмртуваат животни е нецивилизирано и за секоја осуда, реагира охриѓанец кој вознемирено ни ја раскажа случката.
Труење на кучиња во Охрид имаше и во август, кога покрај бездомници, настрадаа и две домашни миленичиња кај Боклисокак.
Охриѓани се револтирани од ваквите случувања и укажуваат дека кучињата скитници треба соодветно да се згрижат во стационар, а за проблемот да се грижи Шинтерска служба која во Охрид никако да се формира.
Намерно или не, случаите на труење на кучиња во градот ги премолчуваат надлежните институции.