Министерството за внатрешни работи информира дека заклучно со 31.08.2017 година Отсеците за управни работи Охрид, Битола, Велес, Куманово, Струмица, Тетово и Штип ќе работат во две смени од 08.30 до 20.00 часот.
– Воедно Ве известуваме дека поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на граѓаните при поднесените барања за издавање на Меѓународни возачки дозволи податокот за проверка на прекршочна санкција “забрана за управување на моторно возило“ во возачката дозвола на барателот ќе може да се обезбеди покрај во подрачните единици на Одделот за граѓански работи, и во Овластените правни лица за вршење на технички преглед каде што има упатено работник од министерството, информираат од МВР.












