По речиси една деценија управата на „Охрид Турист“ ја отстрани лимената ограда од пред хотелот „Палас“ која го грдеше центарот на градот. До отстранување на оградата дошло по разговорите помеѓу управата на хотелот кој не работи заради нерасчистени имотно правни односи и градоначалникот на Охрид кој побарал да се тргнат лимените тараби.


Отстранета лимената ограда од пред хотелот „Палас“

– Отстранувањето на оградата, покрај избегнување на лошата слика, ќе донесе взаемна корист и за Општината и за објектот, се вели во писменото обраќање на градоначалникот до управата на хотелот.

Со отстранување на оградата, на северната страна на ул. „Партизанска“, ќе се ослободат паркинг просторите со кои може да стопанисуваат сопствениците, а градот добива толку потребни паркиралишта во центарот кои недостигаат особено во летната сезона, информираат од локалната самоуправа .

OhridNews