Светлечката сина табла со грбот на општина Охрид, по која долго време беше препознатлива општинската зграда, пред извесно време е отстранета.
Ова најверојатно се должи на одлуката за промена на грбот на општината, која неодамна ја усвоија охридските советници. Со оваа одлука се поништи важноста на стариот грб на општината, во кој незаконски беше вметнат симболот на УНЕСКО.
Се претпоставува дека на местото на старата светлечка табла наскоро ќе биде поставена нова табла со новиот грб на општина Охрид.
OhridNews