Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 24ти до 30ти октомври, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината.

Целта е непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници, велат од претпријатието.

Отстранети биле дефекти на улиците „Дејан Војвода ” (4 дефекти), „Илинденска”, „Гоце Делчев” бр.8, „Мирче Ацев”, „Бистрица“, „Будва” бр.28, „Радојца Новичиќ” бр,374, „Славеј Планина“ бр.17, „Момчило Јорданоски” бр.42, „Аџи Мустафа” и „Егејска”, додаваат од претпријатието.

OhridNews